САД испраќаат бомби во вредност од 320 милиони долари во Израел

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го извести американскиот Конгрес дека планира да испрати прецизно наведувани бомби во Израел во вредност од 320 милиони долари, изјави извор запознаен со планот.

Како што пренесуваат британските медиуми, американскиот „Вол стрит Џурнал“ испратил формално известување до лидерите на Конгресот за планираното пренесување на „Spice Family Gliding Bomb Assemblies“, вид на прецизно наведувано оружје од воени авиони.

Производителот „Rafael USA“, како што јавуваат медиумите, ќе ги достави бомбите на својата партнерска компанија во Израел, „Rafael Advanced Defense Systems“, за употреба од страна на израелското Министерство за одбрана.