САД истражуват дали вакцината на „Moderna“ предизвикува поголем ризик од миокардитис

Американските здравствени власти ги истражуваат извештаите за тоа дека вакцината против коронавирусот на приозводителот „Moderna“ може да е поврзано со зголемен ризик од тетко срцево заболување кај помладата возрасна популација отколку што претходно се мислеше, обајви весникот The Washington Post во четвртокот вечерта, цитирајќи лица запознаени со извештајот.

Во извештајот, како што наведуваат изворите, се вели дека е преранот регулаторите да донесат заклучок, како и дека се потребни дополнителни напори пред да се издаде каква и да е препорака.

Миокардитис е воспалително заболување на миокардот, доека перикардитисот е воспалителна лезија на серозна мембрана на срцето.

Здравствените регулатори во јуни издадоа предупредување со упаства кои ги следат вакцините изработени според новата технологија mRNA на „Moderna“ и на „Pfizer/BioNTech“, за да го означат реткиот ризик од воспаленмие на срцето, првенство кај млади мажи. Но истакнаа дека ползата од вакцината во спречувањето на Covid-19 многукратно го надминува тој ризик.

Сега, меѓутоа, се појавија податоци според коишто за два ипол пати е поголема зачестеноста на миокардитис кај оние кои ја добиле вакцината на „Moderna“ отколку кај оние кои се имунизирани со препаратот на „Pfizer/BioNTech“, пренесува The Washington Post својот неименуван извор.

Истрагата фокусирана на податоци од Канада сугерира дека ризикот од миокардитис особено би можел да биде повисок кај мажите помлади од 30 години, било наведено во извештајот.

Американската Управа за храна и лекови (FDA) и „Moderna“ до објавувањето на информацијата не одговориле на барањето за коментар, наведува агенцијата Reuters.

Кон крајот на јуни американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) и другите здравствени регулатори имаа податоци за околу 500 случаи на миокардитис пријавени кај млади луѓе, откако биле вакцинирани против коронавирусот со вакцините направени на новата платформа на „информациска“ РНК (mRNA), иако сѐ уште не е конечно утврдена поврзаноста меѓу срцевото нарушување и препаратот.

Тогаш беа регистрирани 484 прелиминарни извештаи за појава на миокардитис и перикардитис кај лица под 30-годишна возраст на 27 милиони аплицирани дози. Од оваа бројка, 309 лица биле хоспитализирани и речиси сите биле отпуштени по прегледот, а кај речиси 80 отсто веќе исчензале симптомите. Во болниците поради овие проблеми во моментов се хоспитализирани девет пациенти.

Слични параметри покажаа и истражувањата преку два система објавени на 10-ти јуни, според кои воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од mRNA вакцинитe било почестo од очекуваното.

Во САД за употреба се одобрени две mRNA вакцини против коронавируисот. Вакцината на „Pfizer/BioNTech“ е одобрена за деца повозрасни од 12 години, а на „Moderna“ за постарите од 16 години.

Уште на почетокот од јуни израелското министерство за здравство извести дека помал број случаи на воспаление на срцевиот мускул се забележани главно меѓу помладите мажи вакцинирани со вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против Covid-19 вреројатно се поврзани.

Меѓу декември 2020 и мај 2021 година во Израел се евидентирани 275 случаи на миокардитис на повеќе од 5 милиони вакцинирани лица, соопшти министерството, соопшти министерството објавувајќи ги резултатите од студијата која е нарачена за да се разјасни оваа појава.

Повеќето пациенти кај коишто се развило воспаление на срцевиот мускул во болница минале најмногу четири дена, а 95 отсто од случаите се сметаат за блага форма, покажало истражувањето кое го спровеле три експертски тима.

Истражувањето покажало дека „постои веројатна поврзаност меѓу вакцинирањето со втората доза на вакцината Pfizer и развојот на миокардитис меѓу мажи на возраст од 16 до 30 години“, се наведува во соопштението на министерството и се додава дека повеќе такви случаи се воочени меѓу младите мажи на возраст од 16 до 19 години, отколку во другите возрасни групи.