Купувањето на руските одбранбени ракетни системи „С-400“ од страна на Турција не е во согласност со снабдувањето со леталата од петтата генерација на ловецот-бомбардер „F-35“, објави во средата портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.
„F-35 не може да коегзистира со руската платформа за собирање разузнавачки информации, којашто ќе се користи за проучување на неговите напредни способности“, појасни Гришам.
Таа повтори дека САД ѝ понудила на Турција да ја раскине зделката со Русија, и по доглогодишното одбивање од страна на нејзините сојузници во НАТО, да ги купи американскиот противвоздушен систем „Patriot“. Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган минатиот месец оцени дека, сепак, руската понуда била далеку подобра од американската.
Белата куќа се обиде да го ублажи влијанието на одлуката врз американско-турските односи, истакнувајќи дека Вашингтон и натамиу „многу ја цени“ стратешката врска со Анкара.
„Како НАТО сојузници, нашиот однос е повеќеслоен, и не се однесува само на прграмата F-35. Нашата воена соработка е силна, и ќе продолжиме опсежно да соработуваме со Турција, имајќи ги на ум ограничувањата поради присуството на системот С-400 во Турција“, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече во вторникот дека „не е чесно“ ниту кон Турција, ниту кон САД, што Вашингтон не може на Анкара да и ги продаде борберните авиони „F-35“, вредни поивече милијарди долари, по зделката со Москва. Турција од минатата седмица започна да ги прима компонентите на системот „С-400“, оглушувајќи се на американските предупредувања дека Пентагон ќе ја исклучи од програмата „F-35“.
Истовремено, заменик на министерот за одбрана на САД за набавки и логистичка поддршка, Елен Лорд, на брифингот со новинарите рече дека Вашингтон ги разгледува со Анкара варијантите за решавање на ситуацијата со претплатата за набавката на „F-35“.
„Во моментов разговараме за деталите а во врска со купувањето авиони“, рече Лорд, одгорварајќи на праашњето дали Турција ќе ги добие назад веќе вложените средства.
Процени, исто така, дека финансиските загуби на Турција од исклучувањето од програмата за развивање на овој тип авион заедно со уште осум земји, ќе изнесуваат околу 9 милијарди долари.
„Турција, за жал, дефинитивно ќе загини работни места и можност за економски развој во иднината поради оваа одлука. Таа нема да добие повеќе од 9 милијарди долари, како што се проценуваше, можеше да ги добие благодарени на нејзиниот придонес во програмата ‘F-35’ во текот на целиот период од нејзиното остварување“, рече Лорд.
„Сите турски пилоти кои беа обучувани за програмата F-35 како и инстуркторите, кои во моментов се наоѓаат во САД, ќе мора да ја напуштат земјата“, додаде Лорд.
Од Пентагон, исто така, велат дека Турција произведувала повеќе од 900 компонентни за ловецот-бомбардер од петтата генерација, кои сега претежно ќе се префрлат во САД.
„Турција произведуваше повеќе од 900 компоненти од F-35..“, рече Лорд, коишто според неа се призведуваче во десет различни турски компании.
„За да се затвори јазот во почетната фаза, за да се надминат последиците од турското исклучување од проектот F-35., програмата ќе користи главно американски добавувачи“, рече Лорд. Сепак, додаде таа, „постепено тоа ќе биде отворано за партнерите во програмата“ од другите земји.
Истовремено, заменичката на министерот за одбрана, тврди дека исклучувањето на Турција „ќе има минимално влијание врз големото партнерство за F-35“: Покрај тоа, Пентагон тесно соработува со американскиот воено-индустриски комплекс за ублажување на последиците од оваа одлука, истакна Лорд.
Договорот за испорака на четири дивизии од ракетните системи „С-400 Триумф“ во вредноста од 2,5 милијарди долари беше потпишан во 2017 година. Со тоа Турција стана третата земја по Белорусија и Кина која ја купи напредната верзија на рускиот ракетен систем, а наскоро тоа ќе го стори и Индија. Турската зделка со Москва наиде на критики од САД, кои сметаат дека земја членка на НАТО не смее да поседува систем кој е дизајниран против вооружувањето на Алијансата.