САД ја повикуваат венецуелската армија да ја смени страната, Гуаидо сака да го контролира нафтениот сектор

Белата куќа ја повика во понеделникот венецуелската армија да ја промени странта и да „прифати мирен и демократски“ трансфер на власта од претседателот Николас Мадуро на опозиционерот Хулиан Гуаидо кој се самопрогласи за шеф на државата со помош на САД, кој денеска објави дека ќе ја преземе контролата над нафтениот сектор и државниот имот на Венецуела во странство.

„Ја повикуваме војската на Венецуела и безбедносните сили да прифатат мирна, деморкатска и уставна транзиција на власта“, рече Џон Болтон, советник на Белата куќа за национална безбедност. На прашањето за можна американска воена интервенција, потворди како и претседателот Доналд Трамп, дека „сите опции се можни“. Болтон, исто така, рече дека САД вовеле санкции против венецуелската државна нмафтена компанија PDVSA.

Синхронизирано со ова, опозицискиот челник Хуан Гуаидо, за кого The Wall Street Journal во петокот пишуваше дека се самопрогласил за претедател на Венецуела по телефонски разговор и ветување за поддршка од американскиот потпретседател Мајкл Пенс, објави на Twitter дека „отсега ја преземаме постапната и уреден контрола над имотот на нашата држава во странство за да се спречи да ја присвои крадецот и неговата банда“.

Гуаидо, исто така, му наредил на Конгресот да започне со постапка со именвуање нови членови на управитге на државната нафтена компанија PDVSA, и на „Citgо“, компанија која има седиште во САД е е во мнозинска сопственоста на владата на Венезцуела.

Неговите советници го побрзуваат да ја преземе контролата над „Citgo“, највредната венецуелска сопственост во странство, пред поради неплаќање на обврзниците половина од компанијата да падне во раце на кредиторите, од кои меѓу поголемите е руската „Роснефт“ рекле за Reuters неименувани извори.