САД ја тестираа нуклеарната бомба B61-12 без полнење

© Фото : U.S. D.O.D. (SSGT Phil Schmitten)

Националната агенција за нуклеарна безбедност на министерството за енергетика на САД заедно со воздухопловните сили на земјата на почетокот од август спровело две тестрирања на модификацијата на нуклеарната бомба во сојузната држава Невада, објавено е во вторникот на официјалниот сајт на NNSA.

Тестирањата биле изведени на 8 август на полигонот крај градот Тонопа. Бомбата, којашто не била опремена со боева глава, била фрлена од борбен авион од типот „F-15E“. Во текот на испитувањето била оценувана ненуклеарната функција на бомбата, а исто така и способноста на авионот да носи и испорачува вакви бомби.

Тестирањата биле спроведени во рамките на програмата за модификација на бомбата од типот B61-12.

„Програмата за продолжување на рокот на употребата на B61-12 се спроведува според распоредот и исполнувањата на барањата за националната безбедност. Овие реалистични тестирања ја потврдуваат исправноста на дизајнот на B61-12, кога станува збор за ефикасноста на системот“, изјавил заменикот директор на агенцијата, Фил Калбос од базата на воздухопловни сили „Кертленд“ во сојузната држава Њу Мексико, каде што седиштето на оваа агенција.

Кон средината на март годинава американски воздухопловни сили ја тестираа неполната модификација на термонуклеарната бомба со ознаката B61-12 којашто бeше испуштена од ловец од типот „F-16“ на полигонот Нелис на воздухопловната база „Робинс“, во сојузната држава Невада.

Според податоците од службата за односи со јавноста на базата „Кертленд“, на 15-ти март била тестирана бомбата B61-12 без нуклеарна боева глава, којашто била испуштена на полигонот Нелис од ловецот-бомбардер од типот „F-16“. Тестирањето било извршено во рамките на програмата за модификација на бомбата B61 преку нејзино модернизирање на нуклеарните и ненуклеарните компоненти со истовремено подобрување на нејзината сигурност и сигурноста на нејзиниот систем за безбедност.

Тогаш беше изведно првото тестирање на B61-12 со користење на авион од типот „F-16C“.

Бомбата B61-12 ја обезбедува борбената способност на воздушната компонента на стратешката нуклеарна тријада на САД, како и иднината на бомбардерите и авијацијата со двојна намена коишто ги поддржуваат операциите на НАТО. Бомбата B61-12 се модифицира за да може да биде користена од уредите во авионите од типовите „B-2A“, „B-21“, „F-15E“, „F-16C/D“, „F-16 MLU“, „F-35“ и „PA-200“.

Тестирањата на најновата, дванаесетта модификација на бомбата B61, започнаа во 2015 година кога беа извршени три пробни испуштања без атомско полнење, а на 20-ти октомври 2016 година на полигонот Тонопа беше употребен авионот од типот „F-15E“.

Нејзина карактеристика е задниот дел кој го прави проектилот податлив за управување со голема прецизност и овозможува да биде исфрлена од поголема височина. Таа ќе биде различна од својата претходна верзија бидејќи е изоставен падобранот, а споменатиот заден дел ќе биде опремен со интерен систем за наведување за подобрување на прецизноста.

Сериското производство на B61-12, чијашто основна модификација ќе ги чини САД 7,605 милијарди долари, би требало да започне во март 2020 година. Се претпоставува дека бомбата ќе ја замени претходната модификација во базите во Европа до крајот на 2030-те години.

Бомбата В61 е главното нуклеарно оружје на стратешките нуклеарни сили на САД. Претставува модификација на нуклеарната боева глава развивана кон крајот на 1960-те години. Должината на бомбата изнесува 3,58 метри, а тежинаа од 320 до 500 килограми.