![US-Rocket-Carrying-Spy-Satellite-Had-Technical-Problems-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/US-Rocket-Carrying-Spy-Satellite-Had-Technical-Problems-2.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Од вселенскиот центар „Кејп Канаверал“ на Флорида е лансирана ракета „Атлас-5“, која носела таен сателил на националното разузнавање на САД.
Според информациите, сателитот е наменет да емитува податоци и треба да биде на височина од околу 35.900 километри од геостационарната орбита на Земјата.
Националното разузнавање на САД, кое ги контролира американските разузнавачки сателити не открива која е задачата на тајниот вселенски уред, ниту неговата вредност.