Донеодамна непознати за јавноста мали сателити биле лансирани минатата седмица од тајниот американски мини-шатл со ознаката „X-37B“, кој повеќе од две години минал во Вселената спроведувајќи воени експерименти и во неделата се вратил на Земјата, соопштија американските воздухопливни сили.
Претходно воената авијација на САД потврди дрка шатлот се приземјил во Вселенскиот центар Кенеди (Кејп Канаверал, во сојузаната држава Флорида), по рекордните 780 денови минати во орбитата.
„Со денешното успешно слетување, ‘X-37B’ го заврши најдолгиот лет и успешно ги исполни сите задачи на мисијата“, изјави Ренди Валден, директор на Управата за брза реакција на воздухопловните слили на САД во соопштението за јавноста.
„Во текот на оваа мисија, особено успешно беа спроведени експрериментите во Лабораторијата за истражувања на воздухопловните сили на САД, а исто така, беше осигурана испорака на мали сателити“, додава Валден.
Претходно Вашингтон не извести за лансирањето на воениот мини-шатл „X-37B“.
Покрај тоа, овие сателити не се вброени во каталогот на вештачките вселенски објекти, кој е достапен на специјализираната веб-страница на воаната авијација на САД – space-track.org.
Информацијата за нивното постоење, исто така, не е дадена и во каталогот на вселенските апарати, кој е поставена на сајтот на управата на Обединетите нации за прашања во космичкото пространство – UNOOSA. Овој каталог содржи информации за сателитите кои се поставени во орбитата, а кои земјите се обврзани да ги даваат.
Директорот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, претходно изјави дека теоретско ваквите објекти како „Х-37B“ може да се користат како носачи на оружје.
Шатлот „Х-37В“ го разви американската воздухопловна компанија „Boeing“. Од 2010 година изведени се пет вселенски летови на овој мини-шатл, чија должина изнесувала меѓу 225 и 780 денови со цел во орбитата да спроведуваат експерименти во интерес на американското воено воздухопловство.
Програмата „Х-37В“ ја започна американската вселенска агенција NASA во 1999 година, но во 2004 година ја презема армијата. Поединостите за проектот, вклучително и трошиците за него, се строго класифицирани.