САД може да ѝ ги достават на Украина ракетите ATACMS уште следната седмица

Соединетите држави можат да ја обноват испораката на оружје на Украина веќе до крајот на следната седмица, што ќе вклучува и оперативно-тактични ракети ATACMS со долг дострел, изјави во неделата претседателот на Комитетот за разузнавачките агенции на Сенатот, Марк Ворнер за телевизискaта мрежа CBS News.

Ворнер е уверен дека во вторник или среда сенаторите ќе го одобрат предлогот за пакетот воена помош за Украина, Израел и Тајван, имајќи ги предвид оти овој предлог веќе мина во Сенатот и оти многу брзо ќе го потпише претседателот Џо Бајден, истакнувајќи ја помошта од 61 милијарди за Киев.

„Се надевам дека кога претседателот ќе го потпише… таа опрема ќе бидат на пат кон крајот на седмицата“, рече Ворнер.

На прашањето дали испораките за Украина ќе вклучуваат системи со долг дострел, Ворнер одговори потврдно истакнувајќи дека американската администрација претходно последните два месеца веќе се подготвувала за испорака на ракетите ATACMS, и оти тоа е впишано во нацрт-законот усвоен во долниот дом на Конгресот ден претходно.

ATACMS е оперативно-тактичка балистичка ракета со дострл од најмалку 165 километри развиена од американската компанијата „Lockheed Martin“. Може да се лансира од повеќе ракетни системи за лансирање, вклучувајќи го и M142 HIMARS.

Ланскиот октомври рускиот претседател Владимир Путин одлуката на САД да ја снабдуваат Украина со овие ракети ја нарече „уште една грешка“. Според него, таквото оружје претставува дополнителна закана за руската територија и освоените региони во Украина поради што ќе мора линијата на фронтот да се пренесе по длабочина на украинската територија, но дека радикално нема да ја промени ситуацијата на боиштето.

Во саботата Претставничкиот дом на САД со мнозинство гласови го усвои нацрт-законот за доделување речиси 61 милијарда долари за Украина. Од оваа сума, 23,2 милијарди се предлагаат да се искористат за надополнување на пренесеното оружје од магацините на Пентагон. Други 13,8 милијарди ќе одат за купување оружје на отворен пазар, 11,3 милијарди се наменети за поддршка на „тековните воени операции на САД во регионот“.

По одобрението од конгресмените, документот ќе биде испратен до Сенатот, а потоа, доколку таму биде поддржан, на потпис од претседателот Џо Бајден.

Како што нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одлуката на Вашингтон да обезбеди дополнителна помош за режимот во Киев беше очекувана. Ова ќе ги направи државите уште побогати, но во исто време дополнително ќе ја уништува Украина, што ќе доведе до повеќе жртви меѓу населението по вина на Владимир Зеленски, додаде тој.