САД најавуваат вакцина за коронавирусот

Дали добрата вест пристигна од САД. Земјата каде бројот на заболени и починати лица од Ковид 19 е најголем во светски рамки најавуваат вакцина. Научниците од оваа земја, како и универзитетите и некои компаниите истражувањата, кои обично траат со години да го сведат на неколку недели и најавија вакцина против коронавирусот, во рок од една година до 18 месеци.

Ваквата вест доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп со закон на федералните фондови за борба против Ковид 19 им додели 8,3 милијарди долари на Националниот институт за здравство и Управата за храна и лекови и нивните партнери од приватниот сектор за брзо изнаоѓање на вакцини и нови терапии.

Во светски рамки денешниот биланс е блиску два милиони заразени, 120.000 починати и 454.000 оздравени луѓе.

Додека дел од земјите носат одлуки за продолжување на карантинските мерки како што е Франција, други пак, Словенија, Австрија и Шпанија ги намалуваат рестриктивните мерки. И германските научници и предложија на Владата постепено да ги отвара градинките, училиштата и рестораните. Наспроти ова, СЗО предупредува дека намалувањето на рестрикциите може да доведе до „фатално враќање“ на епидемијата.

„Со други зборови, паѓачката патека е многу побавна од нагорната патека. Ова значи дека контролните мерки мора да се подигнат полека и на контролиран начин“,  рече Гебрејес.

САД и понатаму е на првото место на црната листа според бројот на заразените со близу 600.000 луѓе и со 24.000 починати. Со 160.000 заразени Италија е трета земја на светот, но е втора со над 20.000 починати. Шпанија, пак, е втората земја според бројот на заразени со над 170.000 лица, а починале 18.000 лица. Бројот на заразени расте и во Русија. Во последното деноноќие регистриини се над 2.700 лица заболени од коронавиурост.

Парламентот на Турција донесе закон со кој ќе се овозможи ослободување на десетици илјади затвореници од преполните затвори на кои им се заканува опасност од пандемија на коронавирус.