Американската влада преку фондовите на својата Агенција за меѓународен развој (USAID) ќе спроведе програма за поддршка на независни медиуми во регионот на западен Балкан, а за тоа ќе бида издвоени седум милиои долари, потврди во вторникот во Сараево американската амбасадорка во Босна и Херцеговина, Морин Кормак.
Програмата ќе се спроведува во текот на следните три години и ќе се однесува на независни медиуми во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.
Претставувајќи ја програмата амбасадорката Кормак рече дека САД се многу свесни колку слободните и независни медиуми во целиот регион се под различни притисоци, па проектот за помошта којашто им е наменета затоа и е осмислена на регионална основа.
Слободните медиуми се темел на деморкатијата, изјави амбасадорката истакнувајќи дека помошта е насочена на тоа незивисните медиуми полесно да ги освојуваат новите технологии и да пронаоѓаат нови партнери на пазарот за поефикасно да допрат до публиката.
Според неа, медиумите мора да ја имаат можноста да се занимаваат со истражувачко новинарство, неопходно за известувањата за огромните проблеми, како што е корупцијата, кои се заеднички са сите држави опфатени со програмата.