САД нарачува од Фајзер 10 милиони дози лек против коронавирус

Американската влада од лабораторијата на Фајзер нарачала 10 милиони дози лекови против коронавирус за 5,29 милијарди долари.

Претседателот Џо Бајден тврди дека ќе се делат бесплатно.

Бајден додава дека владата презема претпазливи мерки за да го обезбеди лекот кој ќе биде лесно достапен и бесплатен.

Антивирусниот лек, кој ќе се продава под името „Paxlovid“, во клиничките испитувања имал успешност од 89 проценти протв хоспитализација и смртен исход кога се земал три дена по појавата на симптоми.

Испитувањата биле спроведени меѓу лицата кои имаат голем ризик од развој на тешки случаи поради Ковид-19. Антивирусните лекови ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира и така ја забавува болеста. Тие претставуваат клучно надополнување на вакцините против коронавирус.

Првите дози нарачани од САД се очекува да стигнат до крајот на 2022 година.