САД не поддржуваат воена операција на Турција во Сирија

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер кажа дека каква било воена операција на Турција во северна Сирија е неприфатлива и дека САД ќе спречат еднострани потези.

Според него, воена операција на северот на Сирија би бил ризичен потег.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата најави воена операција источно од реката во Еуфрат, на северот на Сирија, во зона што ја контролира курдската милиција, главен сојузник на САД на територијата на Сирија, која, пак, Турција ја смета за терористичка организација.