
Соединетите држави во петокот соопштија дека немаат никакви докази за присуство на какви и да се сили од Белорусија, која е сојузничка на Русија, на територијата на Украина.
„Немаме никакви индиции дека белоруски војници или сили влегле во Украина. Не воочуваме непосредба вмешаност на белоруските сили. Тоа не значи дека тоа не е можело да се случи или дека нема да се случи“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Украинскиот Центар за стратешки комуникации во петокот претходно објави дека наводно се подготува инвазија на Белорусија врз Украина, откако на средбата во Кремљ белорускиот претседател Александр Лукашенко на рускиот колега Владимир Путин му предочил мапа со сознанија дека наводно Украина планирала напад во Белорусија неколку часа пред руските војски да влезат на украинска територија.
Според белоруската новинска агенција БелТА објави дека Путин и Лукашенко во петокот договорила дека Русија на Белорусија во најскора иднина ќе ѝ испорача најмодерна воена опрема.
Двајцата челници се договориле за следните чекори на меѓунардона поддршка откако Западот им воведе санкциите на двете земји. Тие се однесуваат на цените на енергенсите, се додава во информацијата без да се наведуваат поединости.
Руската офанзива од 24-ти ноември започна од руската територија, вклучително и од црноморскиот полуостров Крим, а во западните медиуми се истакнува дека руската војска настапувала и од Белорусија. Земјата има од средината на 1990-те години договор за заедница со Русија и последните месеци прими руски единици, но ниеден белоруски војник не е во Украина или во Русија, тврди Минск.