САД никогаш нема да ги признаат руските претензии во Украина, порача Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден вети во четвртокот дека Соединетите држави никогаш нема да ги признаат руските територијални претензии во Украина, а Вашингтон подготвува нов круг санкции против Русија поради организирањето на референдумите во четирите југоисточни украински региони во кои е доминатно руското и рускојазичното населени и се под контрола на сепаратистичките и руските сили, кои Западот ги оцени за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Обраќајќи им се на челниците на пацифичките островски земји, Бајден и осуди референдумите во Украина како „апсолутна измама“, тврдејќи дека резултатите – кои покажаа дека огромно мнозинство над 90 отсто од оние кои гласале во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се за присоединување на Русија – се „измислени во Москва“.

САД работат со сојузниците на санкциите кои ќе ги воведат откако Москва ќе ги прифати барањата на споменатите четири региони и ќе бидат приклучени на Руската Федерација. Се очекува дека Вашингтон ќе одговори многу брзо, а процесот во Русија започна веќе во четвртокот вечерта.

„Сакам да бидам многу јасен во врска со ова, САД никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските барања на украинската суверена територија“, рече Бајден.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека резултатите од референдумите за пристапувањето на четирите региони на Русија „не ја одразуваат волјата на народот на Украина“.

„Русија протерала голем дел од населението од областите кои ги зазема, а ги натерала граѓаните на Украина кои останале да гласаат под закана за оружје во страв за својата безбедности и безбедност на своите сакани“, рече Блинкен без да даде докази за своите тврдења.