Американскиот Стејт департмент распиша награда до 10 милиони долари за лоцирање на рускиот државјанин Евгениј Гладких, кој е осомничен дека извел кибернетички напади врз критична американска инфраструктура, се наведува во соопштението на американската дипломатија, како и за офицери на руската служба за разузнавање.
Станува збор за кибернетички напади, коишто според наводите на Стејт департментот, биле изведени во текот на 2017 и 2018 година.
„(Стејт департментот) Нуди награда до 10 милиони американски долари за информации коиј ќе овозможат да се потврди идентитетот или локацијата на Евгениј Викторович Гладких или кои е и да е друго лице, коешто на постапувајќи по наредба или под контрола на странска влада, помага или поттикнува прекршувања на Законот за компјутерска измама и злоупотреба, што исто така може да вклучува учество во кибернетички напади против критичната американска инфраструктура“, се наведува во објавата на Стејт департментот.
Иако изречно не е спомената, американската дипломатија јасно алудира на Русија, којашто со години наназад Вашингтон без приложување докази ја обвинува за хакирања и мешање во американскиот изборен систем, а некои хакерски групи наводно од оваа земја за изнудувачки и други сајбер напади врз американски финансиски, енергетски и компјутерски мрежи на големи компании.
Стејт департментот тврди дека меѓу мај и септември 2017 година, Гладких како „програмер на водечка истражувачка организација на руското министерство за одбрана“ и бројни негови соработници ги хакирале системите на нафтена рафинерија надвор од границите на САД и уфрлиле штетен и изнедувачки софтвер.
Меѓу февруари и јули 2018 година, пак, Гладких и неговите соучсници, според истиот извор, наводно извршиле слични операции против други компании во американскиот енергетски сектори и „неуспешно се обиделе да хакираат компјутерски системи на американска компанија“.
САД истовремено преку своето министерство за надворешни работи, објавија и награда за информаци за повеќе руски државјани обвинети за кибернетички напади, кои наводно се „офицери на ФСБ“, односно руската Федерална служба за безбедност.
Наградата, исто така, од 10 милиони долари, е понудена за „информации за офицерите на ФСБ Павел Акулов, Михаил Гаврилов и Марат Тјуков за нивната можна вмешансот во компјутерско хакирање, измами со користење електронски средства за комуникација, кражба на идентитет при предизвиквуање штети на сопственост на енергетски објект“.
Како што исткнува Стејт департментот, првпат понудената награда е продруќена со упатувањео на „безбедносни офицери на странска влада“.
„Овие офицери биле членовои на единицата на ФСБ позната како ‘Центар 16’ и работелен во специјална оперативна група позната како воена единица 71330, позната за иследниците на кибернетичката безбеднсот како Dragonfly, Energetic Bear и Crouching Yeti“, се додава во објавата.
Истовремено со објавата на Стејт депарментот, и американското министерство за правосудство објави дека против споменатите четворица Руси е подигнато обвинение за учество во хакерски нападио врз глобалниот енергетски сектор.
Четворицата се обвинети дека Еработејќи за руската влада, заедно во два засебни заговора, за обиди, поддрпка и извршување компјутерски напад врз глобален нергетски сектор меѓу 2012 и 2018 година“. Се истакнува дека нападите наводно биле насочени кон илјадници компјутери во стотици компании во 135 земји во светот.