САД одобри продажба на воена опрема вредна 7,5 милијарди долари на пет земји

Американскиот Стејт Департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 7,48 милијарди долари и тоа во Франција, Израел, Индонезија, Аргентина и Литванија, јавува агенцијата Анадолија.

„Министерството за надворешни работи одлучи да ја одобри продажбата на Франција на три авиони E-2D Hawkeye и неговата опрема во износ од две милијарди долари“, пишува во изјавата на американската Агенција за безбедносна и одбранбена соработка.

Во другото соопштение на агенцијата е наведено дека Министерството, исто така одобрило продажба на осум парчиња повеќенаменски воени хеликоптери од типот MV-22 Osprey. Станува збор за пратка која ќе биде испорачана на Индонезија во вредност од две милијарди долари.

Освен хеликоптери во овој продажен пакет се и 24 резервни мотори, два инфрацрвени радари, 20 системи за предупредување на проектил и 20 радарски приемници.

Одобрено е и на Израел да му се продадат 990 милиони литри млазно гориво вредно три милијарди долари.

На Литванија ќе и бидат продадени шест хеликоптери од типот UH-60 Black Hawk во вредност од 380 милиони долари, Аргентина 27 транспортни возила од типот M1126 Stryker во вредност од 100 милиони долари.