САД „огорчени“ поради ослободителна пресуда за убиството на американски новинар во Пакистан

Соединетите држави се огорчени од одлуката на Врховниот суд на Пакистан кој претходно во четвртокот ослободи обвинет пакистанско-британски екстремист за убиство на американскиот новинар Даниел Перл во 2002 година.

„Ја повикуваме пакистанската влада итно да ги разгледа законските опции, меѓу нив и да им овозможи на САД прогон на (Ахмед Омар Саид) Шеик за бруталното убиство на американскиот граѓанин и новинар“, изјави во четвртокот вечерта по средноевропско време портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Пакистанскиот Врховен суд претходно во четвртокот го ослободи Шеик, кого американските служби го сметаат за пакистанско-британски екстремист кој беше осомничен дека во 2002 година го грабнал и убил американскиот новинар Даниел Перл, наредувајќи негово моментално ослободување, како и на неговите тројца неговите соучесници.

Белата куќа е „огорчена од одлуката на судот“ во врска со „бруталното убиство кое го шокираше светот“.

„Оваа одлука Шеик да биде ослободи од товарењето за вина и да биде пуштен од затвор, како и уште тројцата осомничени, претставува навреда за жртвите на тероризмот насекаде во светот, вклучително и во Пакистан“, додаде Псаки.

Судот го наредил и ослободувањето од затворот на тројцата осомничени за соучесништво Салман Сакуб, Фахад Насим и Шеик Адил, кои во 2002 години беа осудени на доживотен затвор, бидејќи испраќале електронски пораки дека го грабнале американскиот новинар.

Судот смета дека Ахмед Омар Саид Шеик не сторил „никакво кривично дело во овој случај и дека треба веднаш да биде ослободен“, изјавил на денешното рочиште еден од неговите адвокати.

Перл, дописник на американскиот весник The Wall Street Journal од јужна Азија, со седиште во Њу Делхи, беше грабнат во пакистанскиот град Карачи каде требало да го интервјуира локалниот исламистички водач. Меѓутоа, Перл по грабнувањето е свирепо егзекутиран со отсекување на главата.

Соевременот судот за терористички дела го прогласи виновен Шеик за виновен за грабнување и убиство на Перли, и му одреди смртна казна. Тројцата негови помошници добија доживотни затворски казни

Новата пресуда значи дека Шеик по 18 години минати во затвор сега веднаш ќе биде ослободен.