Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува децата без родителска придружба да ги смести во воената база во сојузната држава Вирџинија поради силниот прили на оваа категорија мигранти по нејзиното доаѓање на власта, открива документот на министерството за здравство и социјална грижа во кој увид имала агенцијата Reuters.
Портпаролот на Пентагон за агенцијата потврдил дека се разгледува оваа можност за Форт Ли, воената база 48 километри јужно од Ричмонд.
Бројот на децата кои пристигнуваат во САД преку југозападната граница последните месеци, откако стана јасно дека власта ќе ја преземе демократот Џо Бајден е во пораст. Тоа создава притисок врз центрите во коишто децата се сместуваат пред да бидат предадени на родителите или на „спонозири“ во САД.
Министерството во документот се наведува дека итно треба да обезбеди сместување за децата без придружба од родителите и да се пронајде решение за сѐ поголемиот број на децата кои влегуваат во САД во време на пандемијата на коронаворусот.
Бројот на децата фатени при преминувањето на гранцита и коишто имаат право да влезат во САД скокнал изминатите седмици, отокако претседателот Џо Бајден вети дека ќе ја промени рестриктивната политика на својот претходник републиканецот Доналд Трамп.
Според американскиот закон, децата помлади од 18 години кој на границата се фатени без придружба на родителите или законски старател, мора да бидат преместени во сместувачките центри на министерството во рок од 72 часа. Повеќето на ваквите деца влегуваат преку Мексико и се од оваа земја и од државите во централна Америка.