САД по повик од Иран се приклучуваат на истрагата за падот на украинскиот авион

Државната комисија за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB) го прифати во петокот повикот на иранските власти да учествува во истрагата за уривањето на украинскиот патнички авион близу Техеран, за што САД изразија сомнеж дека е урнат од иранската противвоздушна одбрана, а подготвеност за учество во истрагата изрази и Франција.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави, во четвртокот вечерта изјави дека Иран бара од Канада и другите земји да ги споделат информациите за уривањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран и го поканува странски експерти да учествуваат во истражувањето на причините за падот на „Boeing 737-800“.

Изјавата на Мусави дојде како коментар веднаш по изјавата на канадскиот премиер Џастин Трудо, како и на британскиот премиер Борис Џонсон, за тоа дека постојат наводни разузнавачки информации кои укажуваат дека украинскиот патнички авион во средата утрото „можеби бил по грешка урнат“ од ирански противвоздушен систем.

Од амариканската NTSB соопштија во петокот дека ја примиле формалната покана од Иран да учествуваат во истрагата за падот на украинскиот авион. „NTSB одреди акредитиран претставник за истрагата за уривањето“, наведе комисијата во соопштение. Извор на агенцијата Reuters тврди дека не е јасно како претставникот на NTSB ќе учествува во истрагата поради американските санкции. А во соопштението на комисиајта се наведува дека „ќе продолжат да ја следат ситуацијата околу падот и ќе го евалуираат нивото на учество во истагата“.

САД може да учествуваат во истрагата според меѓународните прописи и норми, имајќи предвид дека авионот кој се урна е произведен од американска компанија во Соединетите држави. Портпаролот на иранската дипломатија Мусави во четвртиокот вечерта потврди дека се поканети и претставници на американскиот производител на паднатиот авион „Boeing“.

Канада, чиишто 63 државјани загинаа во несреќата, имануваше свој претставник, додека украинскиот тим разговараше во властите во Техеран за тоа во четвртокот, го цитира агенцијата Isna Фархад Парвареш, ирански претставник во Организацијата зе меѓународно цивилно воздухопловство во ОН. Делегација според претставници на Киев допатувала во иранската престолнина во четвртокот утрото и се состои од 45 стручњаци меѓу кои претставници на 12 министерства и агенции.

Загинати се, исто така, и шведски и авганистански државјани, па и на овие земји им е испратена порака за учество во истрагата, додека Франција, исто така, може да учествува во страгата, бидејќи е земја во која се изработени моторите на авионот, изјавил Парвареш отфралјќи ги американските и канадските наводи дека Иран случајно го урнал авионот.

Франција е подготвена да помогне во истрагата за причините за падот на украинскиот авион во Иран, потврди во петокот утрото фрацнускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

„Франција е подготвена да придонесе за неопходната експертиза. Пред да заземем каква и да е позиција, потребно е потполна јасност за тоа што се случило. И порди тоа постои меѓународната истрага која мора да биде исползувана“, изјави Ле Дријан за радиото RTL. Потврди дека во случај на соодветно барање од страна на властите, Франција да спроведе експертиза.