САД во соработка со 21 земја започнуваат голема операција против дрогата во Западната хемисфера, соопшти во средата америкланскиот претседател Доналд Трамп на брифингот за новинарите во Белата куќа.
„Денеска САД започнуваат обемна операција во борбата со наркотиците на Зпадната полутопка (…) Не смееме да дозволиме нарко-картелите да ја користат пандемијата (на коронавирусот) за да ги загрозат животите на Американците. Во соработка со 21 земја, Јужна команда на вооружените сили на САД го засилува надгледувањето, престренувањето и конфискацијата на испораките на наркотици“, изјави Трамп.
„Бидејќи владите и нациите се фокусираат на коронавирусот, постои голема закана дека наркокартелите, криминалците, терористите и другите актери, ќе се обидат да ја искористат ситуацијата во своја полза. Не смееме тоа да се случи“, додаде Трамп, пренесува агенцијата The Associated Press.
Според американскиот претседател , за потребите на операцијата ќе бидат ангажирани дополен број бродови, авиони и хеликоптери.
„Ќе испратиме дополнителни разурнувачи на американските поморски сили, бродови, хеликоптери, авиони, како и пловила на крајбрежната стража“, додаде Трамп ненаведувајќи го бројот на ангажираните воени средства или припадници на војската кои ќе бидат ангажирани.
Од своја страна, челникот на Здружената команда на началниците на генарлштабовите, Марк Мили, истакна дека САД распоредели нови сили на морнарицата и авијацијата на Атлантикот и Пацификот поради зајакнувањето на борбата против дрогите.
Трамп изрично не соопшти кои земји ќе учествуваат во операцијата или на кои се однесува само спомена дека бродовите ќе се придвижат кон венецуелските води, а неговиот министер за одбрана Марк Еспер, исто така, на брифингот во Белата куќа рече дека зајакнувањето на борбата против трговијата со наркотици на Западната хемисфера, ќе ја опфати и Венецуела, којашто неодaмна Вашингтон ја обвини за „наркотероризам“.
„Курумпираните играчи, како што е нелегитмниот режим на (социјалистичкиот претседател Николас) Мадуро во Венецуела, се потпираат на приофитот од придажбата на наркотиви за да ја одржуваат својата репресивна моќ. Траба да сториме повеќе за да спречиме овие дроги да стасаат во нашата земја“, додаде Еспер.
Засилената кампања која трае повеќе од една година против Мадуро, минатата седмица доби на интензитет кога социјалистичкиот челник на Венецуела и нему лојални фунцкионери беа обвинети од страна на Вашингтон за наводен „наркотерористички заговор“ за криумчарење на 250 тони кокаин годишно во САД, од кои половината од тоа треба да пристигне по поморск пат.
Притоа Вашингтон објави награда од 15 милиони долари за информации кои ќе доведат до апсење на Мадуро и негово осудување, што венецуелскиот претседател го опиша како потег на „расистички каубој“, чијашто главна цел е да ги стави „своите шепи врз огромните резерви нафта“ во земјата. Венецуела, покрај големите резерви на руди и менерали, ги поседува и најголемите потврдени резерви на нафта на планетата како и меѓу најголемите неексплоатирани наоѓалишта на природен гас. Мадуро, исто така, во своите настапи постојано укажува дека најголемиот дела од огмроните количества коакин кои се испраќаат од Јужна Америка потекнуваат од Колумбија, којашто е постојан сојузник на САД, и која официјален Каракас ја обвинува за учество во обидите за воен преврат во Венецуела.
Објавата за планираното распоредување на нови американски сили во близина на Венецуела доашта два дена откако венецуелски патролен чамец се судри со брод кој пловел под знамето на Португалија, во близина на венецуелскиот остров Ла Тортуга.
Претседателот Мадуро обвини дека екипажот на бродот делувал агресивно и изрази сомневање дека носел платеници. „Треба да бидете многу наивни за да гледате на ова како на изолиран инцидент“, рече Мадурот во вторникот вечерта на државната телевизија.