Војската на САД соопшти дека е подготвена да помогне во обезбедувањето на зимската Олимпијада во Сочи и, меѓу другото, да испрати два брода во Црното море доколку биде потребно.
Пентагон соопшти дека американските воени команданти внимателно ги планираат подготовките во случај помошта од САД да биде потребна.
„САД понудија целосна поддршка на руската влада во спроведување на безбедносните подготовки за зимската Олимпијада“, рекол портпаролот на Пенгатон, Џон Кирби.
Соопштението на Пентагон следеше истиот ден откако двајца мажи, кои се претставија како исламистички екстремисти, се појавија на видео снимка тврдејќи дека извеле напади во јужниот дел на Русија и го предупредиле рускиот лидер Владимир Путин да очекува „подарок“ на Олимпијадата во Сочи.