Соединетите држави покренаа истрага за француските планови за воведување данок на дигиталните услуги, изразувајќи стравување дека новите намети се насочени токму на американските компании.
Предложениот данок од 3 отсто на годишните приходи на компаиите кои им пружаат услуги на потрошувачите во Франција би требало да ги зафати само најголемите технолошки компании, а токму во оваа област американските компании се светски лидери, се наведува во соопштението од кабинетот на американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер.
„САД стравуваат дека данокот на дигиталните услуги, за кој се очекува дека утре (четврток – з.р.) ќе биде усвоен во франускиот Сенат, неправедно ги има за цел американските компании“, наведува Лајтизер во соопштението.
Според него, истрагата ја побарал американскиот претседател Доналд Трамп. Кабинетот на Лајтизер ќе организира повеќедневна јавна дебата и ќе ги сослуша мислењето на експертите за оваа тема, пред да го состави конечниот извештај со препораките за можните противмерки.
Француската влада јавно ги отфрли наводите дека данокот е насочен на американските компании.
„Сметаме дека (данокот) е целосно во согласност со меѓународните договори. Земјите се суверени кога станува збор за даночните политики. Оттаму, сметаме дека е непримерно да се користи трговијата како инструмент за напад врз суверена земја“, изјавил за AFP во четвртокот извор во француското министерство за финансии.
Франција е водечката земја поборник на воведување на дигиталниот данок во Европската унија, а групата противнии на овој данок ја преводад Ирска и скандинавските земји.
САД, пак, сакаат дека насоките за оданочување на технолошките компании да се договорат на економскиот форум на дваесетте водечки економии на светот Г20, што го поддржува и глобалниот технолошки гигант „Google“.