Официјални претставници на САД и на Северна Кореја планираат да се состанат следната недела, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.
„Не можам да споделам други детали за состанокот“, нагласува Ортагос во краткото соопштение.
Претходно денеска, севернокорејската државна агенција КЦНА објави дека Северна Кореја и САД се согласиле да одржат разговори на пониско ниво на 5 октомври и да одржат подготвителен состанок еден ден порано.
Разговорите што имаат за цел денуклеаризација на Северна Кореја запреа по вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Виетнам, што заврши без договор.