САД повеќе не се „пријател“ во изборната програма на Меркел

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Мекрел во својата програм аза парламентарните избори во септември го изоставиле зборот „пријател“ во описот кон Соединетите држави.

Пред четири години во заедничката програма на Христијанско-деморкатската унија (CDU) и баварската сестринска Христијанско-социјална унија (CSU), САД беа опишани како „најважниот пријател“ на Германија надвор од Европа.

Во програмата од 2013 година „пријателството“ со Вашингтон беше опишано и како „камен темелник“ на германските меѓународни односи и говореше за јакнењето на трансатлантските економски односни преку отстранување на трговските бариери.

Меѓутоа, термините „пријател“ и „пријателство“ ги нема во последната предизборна програма под називот „За Германија во која сите живееме добро и среќно“ којашто во понеделникот ја претставија Ангела Меркел како шефица на CDU и Хорст Зихофер како челник на CSU.

Наместо тоа, САД се опишани како „најважниот партнер“ на Германија надвор од Европа.

Промената во изборот на зборовите покажува колку односите меѓу Берлин и Вашингтон се влошиле откако републиканецот Доналд Трамп влезе во Белата куќа. Иако токму во текот на неговиот претходно демократот Барак Обама беше откриено дека американското разузнавање повеќе од десет години ги прислушувало сите телефони на канцеларката Ангела Меркел, а челникот на САД знаел за тоа.

Тензиите се производ на упорноста на Трамп во негативното конотирање на германскиот трговски суфицит во односот со САД, го обвинуваше Берлин и другите европски партнери дека должат „големи суми пари“ на НТО и предизвика незадоволство кај европските партнери со минатомесечната одлука да истапи од Парискиот договор за климата.

Во текот на својата предизборна кампања Трамп изјави дека Меркел ја „уништува“ Германија со своите миграциски политики кои ги нарече налудничави.

Истражувањето од минатата седмица на Pew Research Centrе, покажа дека денес само 35 отсто од Германците имаат добро мислење за САД, додека на крајот од мандатот на Обама биле 57 отсто.