САД повлекуваат дел од воената техника од Блискиот исток, како одговор на заканите од Кина и Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден започнала со повлекување на противракетните системи и другата воена опрема од Блискиот исток во рамките од планот за реорганизација на военото прусуство во регионот, насочувајќи го вниманието на вооржените сили на предизвиците кои доаѓаат од Кина и од Русија, пишива весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на извори од американската администрација.

Ненајавеното намалување на воената опрема во блискоистичните земји започнало по телефонскиот резговор воден на 2-ри јуни меѓу американскиот министер за одбрана Лојд Остин и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, истакнале соговорниците на весникот. Поголемиот дел од воената опрема, според неимениваните извори, се повлекува токму од Саудиска Арабија.

Како што појасниле изворите, „администрацијата на Бајден остро го намалува бројот на американските противракетни системи на Блискиот исток, како дел од сериозната преориентирање на военото присуство во регионот, бидејќи ги пренасочува воените сили на предизвиците кои ги претставуваат Кина и Русија“.

Според официјални претставници, Пентагон повлекува осум противракетни батерии „Patriot“ од Ирак, Кувајт, Јордан и Саудиска Арабија. Изворите на WSJ забележуваат дека САД, исто така, од Саудиска Арабија го повлекуваат високософистицираниот и најскап на светот надатмосферски пресретнувачки систем THAAD (Terminal High Altitude Area Defense). Од регионост ќе бидат прераспоредени и дел од борбените летала и „стотици американски војници“, коишто го опслужуваат ова вооружување.

„Она што го гледате претставува прекомандување на ресурсите во согласност со стратешките приоритети“, рекол висок претставник на американското министерство за одбрана.

Истакнал дека од регионот се повлекува само дел од вкупната воена опрема распоредена во регионот.

„Сѐ уште имаме сили во Ирак и Сирија, овие сили не си заминуваат. Сѐ уште имаме свои бази во партнерските земји во Персискиот залив, тие не се затворат, сѐ уште има значително присуство“, рекол неименуваниот соговорник на весникот додавајќи дека американските ракетни одбранбени системи треба да бидат ремонтирани и одржувани.

Според изворите, причините за повлекување на опремата е поврзано и со враќањето на поовобичаеното ниво на присуство на САД во регион, откако претходната администрација во Вашингтон го засили военото присуство за вршење притисок врз Иран. Пентагон оценил , исто така, дека „ризикот од ескалацијата на неприокателствата меѓу САД и Иран е намален“ во моментов.

Властите се убедени дека американското оружје не го одвратило Техеран од неговите дестаблизирачки активности на Блискиот исток. Покрај тоа, оценето е и дека Саудиска Арабија ги подобрила своите одбранбени перформанси и самостојно ги пресретнала веќе повеќето ракетни напади од шиитските бунтовници во соседниот Јемен.