САД признаа дека воспоставиле база во сириски Манбиџ по заканите од Турција

Американските сили воспоставиле воена база во Манбиџ, на северот од Сирија, пред околу три месеца по турските закани дека ќе го нападнат овој град кој го заземаа сириските Kурди со помош на американските специјалци, изјави во средата функционер на паравојската којашто ја поддржува Вашингтон.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторно се закани со испраќање војsка во Манбиџ, откако турските сили кои интервенираат во Сирија ја протераа курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) која ја поддржуваат САД а Анкара ја смета за сириска фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), од регионот Африн кон западот во март годинава.

Во новата американска база во Манбиџ, исто така, има и француски војници, рекол за Reuters Шафран Дарвиш, портпарол на Воениот совет на Сириските демократски сили (SDF) чијашто ударна сила ја претставува токму YPG. Според некои претходни медиумски извештаи, во овој сириски град има и британски војници.

Американските и француските сили наводно патролираат по линијата коајшто ги раздвојува бунтовниците кои ги поддржуваат САД и оние кои ги поддржува Турција, а базата била распространета набрзо откако Турција ја започна операцијата „Маслиново“ гранче во регионот Африн, изјавил Дарвиш.

Руските медиуми на почетокот на годинава објавија дека Анкара на Москва ѝ доставила список со триесетина локации на кои војниците на САД во Сирија, а ги има најмалку 2.500, воспоставила бази и кампови. Подоцна пролетва руското министерство за надворешни работи ги обвини САД дека во овие бази обучува борци на џихадистичката групација Исламска држава кои се предале, кои потоа ќе ги користи за натамошна дестабилизација на Сирија.

„По трускиот напад врз Африн и зголемувањето на турските закани за Манбиџ, коалициските сили изградија база за да ја надлгедуваат и штитат границата меѓу бораците“, истакнал Дарвиш.

Командата на коалицијата преводена од САД одбила за агенцијата да ги коментира изјавите на Дарвиш.