САД продолжуваaт со дупчења за нафта и гас на државно земјиште и покрај ветувањето на Бајден

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во петокот објави дека ги продолжува плановите за истражувањето и експлоатација на нафта и гас на земјиштето во сопственост на сојузната влада, што претставува кришење предизборното ветување на претседателот од Демократската партија.

Министерството за внатрешни работи, објави дека околу 144.000 хектари земјиште во сопственост од сојузната влада ќе биде на располагање за дупчење и гас преку закуп во девет сојузни држави.

Компаниит, пак, ќе мора да ѝ даваат на владата 18,75 отсто од приходите од нафтата и гасот од закупеното земјиште, што е пораст во однос на 12,5 отсто колку што досега требаа да плаќаат.

Првпат во мандатот на претседателот Бајден сојузната влада ќе понуди закуп на земјиште за експлоатирање на нафта и гас, неведува The New York Times.

„Начинот на кој управуваме со нашите јавно земјиште и вода, зборува сѐ за тоа што цениме како земја“, изјави министерката за внатрешни работи, Деб Хааланд.

Бајден неколкупати во претседателската кампања вети дека ќе ја запре аукцијата за дупчења нафта на сојузна земја, што на суд се обидуваа да го оспорат сојузните држави каде што републиканците се на власт.

Го потсетуваат Бајден дека на предизборен собир во Хадсон, во сојузната држава Њу Хампшир во февраури 2020-та, тој им порача на приврзаниците дека веќе нема да има дупчења за нафта на државно земјиште. „И попатно… Нема веќе дупчење на земјиштето на сојузната влада. Точка, точка, точка“, изјави Бајден.

Одлуката на министерството за внатрешни работи е последата во низата потези на администрацијата на Бајден, воведени поради растечките цени на енергенсите. Претходно САД најавија пуштање во оптек на нафтата од стретешките резерви, за да се зголеми понуда на пазарот и да ја намали цената на нафтата.

Последниот потег го критикуваа ектолошките активистички групи, додека нафтената индустрија го означи како потег во права насока, истакнувајќи дека се потребни силни мерки. Претседателката на Центарот за биолошка разноликост, Ренди Спивак, порача дека станува збор за „непромислен неуспех на климатскот водство“.