
Пентагон има план кој овозможува да се надмине системот на противвоздушна одбрана во Калининград, стратешката руска енклава на Балтикот, изјавил за новинарите командатнтот на американските воздушни сили во Европа и Африка, Џефри Ли Харигијан, пренесе во четвртокот изданието Breaking Defense.
Според Харигијан, САД се подготвени „многу навремено“ да одговорат на евентуалната „руска агресија“ во Европа. „Ние ја разработуваме оваа шема. Цело време размислуваме околу овие планови и доколку некогаш ќе биде потребно, подготвени сме да ги спроведеме“, рекола амриканскиот командант.
Харигијан притоа не открил поединост за споменатиот план на Пентагон. Според Breaking Defense, во такви прилики би бил изведена сеопфатна офанзива, којашто би вклучувала и напади од воздух, земја, морад и космосот, како и на напади во сајбер-просторот и радиолектронско војување.
Истовремено друг американски ресурс кој се занамава со безбедносни прашања објави дека бомбардер од типот „B-52американските воздухопловни во март годинава симулирал напад со крстосувачки ракети во Калининградската област. Според податоците на списанието The National Interest, оваа операција била спроведена во рамките на прераспределувањето на пет бомбардери од воздухопловната база во американската сојузна држава Луизијана во база во Велика Британија.
„Стретешкиот бомбардер B-52H со бројот 60-00124 полетал од воздухопловната база Барксдејл на 14-ти март 2019 година во 01,30 часот, прелетал над Канада и извел симулација на напад со крстосувачки ракети на територијата на Руската Федерација. Авионот направил свртување на само 60 милиј од рускиот воздушен простор во 11,10 часто и слетал во базата на Кралските воздухопловни сили во Великат Британија во 13,32 часот“, пишува The National Interest повикувајќи се на независниот аналитича Стефан Воткинс.
Во написот на The National Interest се истакнува дека во Калинградската област е инсталиран моќен противводушен систем, но ја наведува споменатата изјава на командантот на американските воздухопловни сили во Европа, генералот Харигијан, дека вооружените сили на САД имаат разработен план за совладување на оваа одбрана.
„Тоа би била мултифункционална, временски точни пресметана воена операција со користење на ефективни средства, коишто би ги користеле за да си обезбедиме достап во оваа област. Спроведуваме вежби, Постојано ги преоценуваме своите планови, и доколку дојде до нивно спроведување, ние ќе бидеме подготвени“, рекол генералот пред група новината.
Западните полицичари и високи воени функционери повеќепати изминатите години зборуваат за наводна „руска закана“, а истовремено од Москва постојано возвраќаат со тврдењето дека Русија нема намера да надне ниедна држава. Шефот на руската дупломатија, Сергеј Лавров, неодамна повтори дека во НАТО многу добро се запознаени со тоа дека не постојат такви планови од руска страна, туку дека тоа го користата само како изговор да инсталираат повеќе воена опрема и да трупаат војски во близина на руските граници.
Веќе во петокот гувернерот на Калининградската област, Антон Алиханов, порача оти не им советува на САД да ризукуваат и да го нападнат регионот зашто техничката состојба и моралниот дух на силите стационирани таму можат да му пружат отпор на секој противник, пренесе мрежата Sputnik.“.
„Нема да ги прозивам, но секако дека не им се плашиме. Кај нас е главната база на Балтичката флота. И моралниот дух и техничката состојба на силите во Калининградската област се такви што никому не му советувам да ризикува да се задева со нашите војници,“ изјави Алиханов коментирајќи го пишувањето на The National Interest дека американски бомбардер „B-52“ изведувал вежби за лансирање крстосувачки ракети во Калининградската област.
Алиханов, исто така, ја советува американската војска подобро да се запознае со историјата на Русија.
„Би сакал американските генерали да ги прочитаат историските книги за сите оние што правеа планови против Русија и како завршија тие. Зашто пред секој американски генерал и неговиот план стои рускиот народ. Мислам дека историјата одамна требаше да им го дотера умот на нашите противници“, порача Алиханов..
Портпаролката на руското министертство за внатрешни работи, Марија Захарова, ги оцени изјавите на американскиот генерал како неодговорна закана.
„Гледаме со каква леснотија политичкиот естаблишмент, особено во САД, оперира со така сериозни и сложени прашања како што се светската безбедност и стабилност. Тоа е апсолутно неодговорно. И не е само прашање на неодговорност, туку и на глупавост. Паметните луѓе кои ги изразуваат интересите на луѓето коишто ги именувале на одговорните должности или ги избрале, никогаш нема да излезат со такви изјави, знаејќи дека тие ѝ штетат на таа држава што ја претставуваат“, порача Захарова.