САД сметаат дека Русија сега е мошне слаба економски за да ја искористи кризата во Грција за засилување на своето влијание во таа држава и во ЈИЕ. Тоа го изјави портпаролот на Белата куќа Џош Арнест коментирајќи ја грчката криза.
Портпаролот беше запрашан дали Русија не ги користи неодамнешните посети на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва и во Санкт Петербург за засилување на своите позиции на Балканот.
Арнест рече дека „Грција може да има меѓународни односи какви што сака, неопходни за своите интереси“, пренесува МИА.
– Сепак, тие две држави Грција и Русија, и нивните лидери имаат во моментов слаби економии, додаде портпаролот на Белата куќа.
Тој нагласи дека според САД, Грција и европските кредитори треба да ги продолжат преговорите за да може државата да остане во еврозоната.
– Тоа одговара не само на интересите на Грција туку и на ЕУ и на САД, наведе Арнест.