
Соединетите држави имаат намера да изградат аеродром за стратешките бомбардери „B-52“ во воздухопловната база крај Аин ал-Асад во западната ирачка покраина близу границата Сирија, пренесува во вторникот телевизијата Al-Sumaria повикувајќи се на извор впо безбедносните структури на Ирак, што го објаснува одбивањето на Вашингтон да ги повлече своите трупи од земајта иако парламентот во Ирак донесе резолуција со која се бара напуштање на ирачката територија на сите странски единции.
Потврдата од ирачката страна доаѓа откако претходно весникот The Wall Street Journal објави дека Пентагон планира на Блискиот исток дополнителни 200 војници и шест стратешки бомбардери од типот „В-52“ во услово на растечки тензии со Иран но и во Ирак.
„Американската војска има намера да изгради огромен меѓуанроден аеродром со вискои перформанси за стратешките бомбардери Б-52 во воздухопловната база Аин ал-Асад во областа ал-Багдади во округот Хајит, на западот од покраината Анбар“, прецизирал изворот на Al-Sumaria.
Додал дека американските трупи кои се стационирани во оваа воздухопловна база ја прошириле инфраструктурата на аеродромот за да се изгради писта која е потребна за овој вид бомбардери, кои можат да понесат големо количество вооружување, вклучително крстoсувачки ракети, конвенционални тешки бомби и ласерски наведувани бомби и нуклеарни гравитациски бомби. Американската армија претходно во мај испрати бомбардерска оперативна група во Катар, но бомбардерите ја напуштија по неколку месеци.
Ирачкиот парламент на крајот од минатата седмица едногласно доенсе резолуција со којашто се бара од владата да издејствува повлекување на странските војски, во прв ред американските трупи, од земјата, откако САД без известување на ирачките власти изведе воздушен напад крај Багдад во кој беа убиени влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани и заменикот командант на ирачката шиитска милиција, Абу Махди ал-Мугандис, кои Вашингтон ги смета одговорни за ракетирања на американските база во Ирак и опрганизација на протестите пред американската амбасада во Багдад.
„Ако тие бараат од нас да заминеме, ако не го сториме тоа на многу пријателска основа, ќе им наметнеме санкции какви никогаш досега не виделе“, се закани американскиот претседател Доналд Трамп откако ирачкиот парламент побара протерување на американските трупи и порача дека Багдад ќе треба да ги врати милијардите долари вложени во базите кои на негова територија ги подигнале САД.
По убиството на генералот Сулејмани, иранските челници се заканија дека ќе ја одмаздат неговата смрт, а Трамп се закани дека во тој случај ќе следи „брз и силен удар“ врз 52 цели во Иран. Ескалацијата на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, откако двете земји минатата есен беа на работ од војна, предизвикаа стравувања во меѓународната заедница од многу веројатна директна воена конфронтација меѓу САД и Иран.