Десетици милиони луѓе во САД се подготвуваат за рекордниот поларен студ, којшто според прогнозите на метеоролозите треба во средата да погоди десетина сојузни држави на северот од земјата.
Компаниите на своите вработените им советуваа да останат дома, училиштата се затворени и стотици летови се откажани. Американската служба за достава на поштенски пратки, позната по својата редовност и прецизност во испораката на пратките во сите временски услови, дури наводно ги сопрела испораките во сојузната држава во Ајова поради големите студови.
Се предвидува дека температурите во речиси десет држави кои се протегаат на речиси 2.000 километри, од Дакота до Охајо, ќе бидат најниските кои ги доживеала генерацијата, или дури рекордно ниски.
„Фронтот на еден од најстудените арктичките воздушни маси се шири на северот од Средниот запад, пред да се прошири по поголемиот дел од источните две третини од земјата. Се очекува дека ниските температури и студениот опасен по животот ветер ќе водат до рекордно ниски термператури од северот на Средниот запад до Големите езера и долината Охајо. Причинита е вителот од арктички воздух кој се одвоил од поларниот вител кој инаку кружи над Северниот пол“, објави сојузната метеоролошка служба.
Агенцијата предвидува температури меѓу минус 23 и минус 40 Целзиусови степени, а поради ветрот чувстовот на студ во еден дел од државата Минесота би можело да биде минус 54 Целзиусови степени. Се очекува дека Чикаго, третиот по големина американски град, ќе биде постуден и од некои делови од Антарктикот.
Властите во Илиноис, Мичиген и Висконсин поради студеното време објавија вонредни мерки, повикувајќи го населението да остане во своите домови во средата, кога се очекуваат најниските температури. „Луѓето изложени на екстремниот студ може во неколку минути да се здобијат со смрзнатини“, предупреди државната метеоролошка служба.