САД тужат судијка поради блокирање на апсењето на илегален имигрант

Американските сојузни обвинители во четвртокот обвинија судијка од сојузната држава Масачусетс и службеник во судот поради заговор и опструкции, тврдејќи дека попречиле службеник на имиграциската и царинската агенција да уапсат илегален имигрант во судски процес од минатата 2018 година.

Овој процес е најновиот судир поради миграциските политики меѓу администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп и некои локални демократски власти кои одбиваат да ја спроведуваат неговата политика.

Обвинета е судијката Шели Џозеф и судскиот службеник Весли Меккрегор, се наведува во судските документи предадени во четвртокот. Тие се темелат на сослушувањето од април 2018 година во околината на Бостон на коешто вработен во агенцијата за имиграција и царини (ICE) сакал да упаси неидентификуван илегален имигрант од Доминиканската Република кој на суд бил поради поврзаност со дроги.

Обвинителите го опишуваат разговорот меѓу судијката и адвокатот на обвинетиот во кој Џозеф прашува „дали ICE ќе го приведе“, а потоа вели дека „нема да им дозволи да влезат“. Потоа договорила осомниечниот од судската зграда да излезе на задниот влез, додека агентот на ICE го чекал пред судницата.

Обвинителот на сојузната држава Масачусетс, Андре Лелинг навел дека целта на овој случај не е да им се испрати порака на судиите кои се противат на апсењата на илегалните имигранти на суд од страна на ICE.

„Не го покренавме овој случај како одговор на јавната расправа за спроведувањето на миграциските закони. Ова не е политички семинар, туку спроведува на законите“, навел обвинителот.

За оваа постапка е предвидена казна до 20 години затвор. Обвинетиот илегален имигрант во меѓувреме бил приведен и е ставен во притвор.