Париз и Вашингтон имале контакти на високо ниво пред најавата за новиот воен сојуз меѓу САД, Велика Британија и Австралија, поради што австралиската армија ќе набави подморници на нуклеарен погон од САД а не од Франција којашто ги демантира таквите конакти.
Во четвртокот, на денот кога Европската унија ја претстави својата стратегија за индопацифичкиот регион, објавено беше дека САД, Велика Британија и Австралија претходно во средата склучиле индопацифички трилатерален безбедносен сојуз, што предизвика незадоволство кај Франција.
Првата последица од овој воен сојуз е откажувањето на договорот кој во 2016 година ј Австралија го склучи со Франција за 12 подморници, во износ од 56 милијарди евра долари, за градење подморници на конвенционален погон.
„Висики функционери на американската администрација беа во контакт со франкцуските колеги за да разговараат за +AUKUS+(името на новото воено партнерство) и пред објавата“, тврдел неименуван функционер на Белата куќа.
Овој проект всушност ја поништува огромната австралиска нарачка на подморници од Франција која изрази остри реакци кон Канбера, обвиента дека го прекршува договорот, како и против американскиот претседател Џо Бајден за нечесно однесува кон сојузниците.
Франција во четвртокот официјално, како и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, демантираа дека Брисел и Париз биле известени и предупредени за новиот воен сојуз, поради коишто Австралија ќе се ориентира на американските подморници со нуклеарна технологија.
„Не бевме информирани за овој проект пред првите информации да се појават во американскиот и австралискиот печат, неколку часа пред официјалното објавување од страна на американскиот претседател Џо Бајден“, изјави портпаролот на француската амбасада во Вашингтон, Паскал Конфавро.
„Оваа еднострана и непревидена одлука наликува на постакиет на поранешиот американски претседател Доналд Трамп“, огорчено порача францискиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан за радиото France Info.
Неименуван финцкионер на Белата куќа изјави дека Вашингтон тесно соработува со Франција во врска со заедничките приоритети во индопацифичката зона и така и ќе продолжи.
„Нашата администрација се концентрираше на заживување на сојузот и партнерствата за да го поддржи меѓународнито поредок кој се заснова на почитување на заедничките правила. Тоа значи и јакнење на нашите долгогодишни врски, вклучително и оние со сојузниците од НАТО и од Европската унија и работење на нови“, додал соговорникот на Reuters.