Американските воздухопловни сили објавија дека успешно тестирале прототип на хиперсоничен проекти во рамките на програмата ы ARRW (Air-Launched Rapid Response Weapon).
Стратешкиот бомбардер од типот „ Boeing B-52H Stratofortress“ на американските воздухопловни сили на 14-ти мај „успешно истрелал хиперсонична ракета AGM-183А развиена во рамките на програмата ARRW во близина на брегот на Јужна Калифорнија, се вели во соопштението.
По одвојувањето од авионот, што е првото американски лансирање на крстосувачки проектил од воздушен носител, ракетата била активна во очекуваното време, достигнувајќи хиперсонична бризна пет пати поголема од брзината на звукот.
Американските воздухопловни сили истакнуват дека „тестот е извршен беспрекорно“ и оти САД „правата сѐ што е можно да го обезбедата ова единствено оружује за америкаснките војски што е можно поскоро“.
„Ова беше големо достигнување на развојниот тим на воениот сектор и за нашите воздухопловни сили“, изјави Хиј Колинс, шеф на програмата за нови вооружувања на американските војски.
Кон крајот на март годинава, вицеадмирало Рон Боксал, портпарол на Здружениот генералштаб на американските сили, изјави дека САД очекуваат да распоредат три батерии хиперсонични ракети со долг дострел и четири батерии проектили со срееде дострел во следните пет години. Според него, плановите на американската администрација „вклучуваат распоредување хуперсонично оружје на копнени, воздушни и поморски платформи“. Појасни дека САД се надеваат дека во 2027 година ќе го завршат развојот на прототипот на хиперсоничното оружје во рамките на програмата ARRW и респоредувањето на хиперсонична крстосувачка ралета лансирана од воздух на ловците-бомбардери од типот „F-15“ во 2027 година.
На почетокот од април, Агенцијата за напредни истражувачки проекти на Пентагон објави дека биле изведени успешни тестови на хиперсоничната ракета на производителот „ Lockheed Martin“. Во текот на лансирањето ракетата упеала да развие брзина поголема од 5 маха и да достигне височина од околу 12 километри прелетувајќи речиси 550 километри. Така, ова беше втор успешен тест во рамките на оваа развојна програма, соопшти американското министерство за одбрана.
За разлика од балистичките прокетили кои летаат во Вселената пред да се вратот на својата остра патека, хиперсоничното оружје лета кон целта на ниски височини и може да постигна брзина пет пати поголема од брзината на звукот, односно 6.200 километри на час. Досега е познато дека Русија и Кина поседуваат вакви проектили, САД се во фазата на почетокот на финалните тестирања но Северна Кореја тврди дека веќе го поседува ова моќно вооружување.
Хиперсоничните ракети може побрзо да се разместат од балистичките ракети со нуклеарно полнење, а уште побрзо од крстосувачките проектили. Можат да постигнат различни височини и имаат многу добри маневарски способноси, и многу лесно може да ги избегнуваат актуелните состеми за противракетните одбрани. Тоа, според стручната јавност, во прв ред се однесува на руските хиперсонични проектили.
Русија во 2019 го распореди првиот надзвучен проектил „Авангард“ и така стана првата земја во светот кој во својот арсенал го има ова вооружување. Според руското министерство за одбрана, оваа ракета била тестирана при брзина од 33.000 километри на час. Во февруари 2020 година, пак, Русија тестираше и нов надзвучен проектил „Циркон“ кој има дострел од 500 километри, а наметен е за вооружување на бродови и подморници. Тој би требало да постигне брзина од 9 маха, со дострел поголем од 1.000 километри. Хиперсоничниот проектил „Кинџал“, пак, е во состав на руската армија од 2018 година. Достигнува брзина до 10 пати поголема од брзината на звукот, достигнува височина до границата на стратосферата и маневрира во текот на целиот лет.
И Кина, исто така, инвестира во оваа нова воена технологија, и во октомври 2019 година на воената парада во Пекинг го претстави својот надзвучен проектил со ознатака „DF-17“.