Американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе нови санкции за „иранскиот сектор на железо, челик, алуминиум и бакар“, за да го засили притисокот врз Техеран и се закани со „нови мерки“ доколку Иран „радикално не го промени однесувањето“, а државниот секретар Мајк Помпео претходно оцени дека иранското соопштение дека ќе суспендира дел од своите обврски од меѓународниот нуклеарен договор е „намерно нејасно“.
Воведувањето на санкциите се случува точно една година откако САД се повелекоа од меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран од 2015 година, и истиот ден откако Техеран објави дека поради новите американски санкции по повлекувањето ланскиот ноември ќе суспендира дел од своите обврски преземени од тој договор. Претходно и високи фунцкионери во Вашингтон потврдија дека чекорот на Иран не претставува кршење на одредбите од договорот.
„Американската политика секогаш се состои во тоа да го спречува Иран да развие нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички проектили и да се псротистави на иранското штетно влијание на Блискиот исток. Благорадејќи на нашето дејствување иранскиот режим тешко ја финансира својата кампања на насилство и терор, а неговата економија паѓа во невидена депресија“, се наведува во декретот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според него, новите казнени мерки се насочени на „главните извори на приходи на режимот освен нафтата“, која веќе беше цел на новите санкции од американското минситерство за финансии. „Тоа е 10 отсто од неговиот извоз. Пропуштањето на иранскиот челик и другите метали повеќе нема да се толерира“, додава Трамп алудирајќи на другите земји.
Трамп, сепак, повторува дека се надева оти „еднаш ќе се сретне со иранските челници за да постигнат договор и, што е најважно, да се донесат мерки а Иран да има иднина каква што заслужува“.
САД им даваат на компаниите 90 дена да го намалат производството и трговијата со метали со Иран, објави малку по указот на Трамо американското министерство за финансии. Декретот на американскиот претседател е воведување нови санкции против производството и извоз на метали во Иран. Санкциите се насочени како кон производителите и кон сопствениците на производството на метали во земјата, како и против оние кои тргуваат со метали од Иран. Нивните активи кои се под јурисдикција на САД може да бидат блокирани со одлука на американското министерство за финансии.
Декретот стапи на сила од моментот на потпишување и се даваат три месеца за прекинување на трансакциите, појасни Бирото за контрола над странските активи при американското министерство за финансии (OFAC). По истекувањето на овој период може да бидат воведен санкции.
Претходно во средата америакнскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека денешната објава на Техеран дека ќе суспендира некои свои обврски од нуклеарниот договор намерно е непрецизна.
„Мислам дека тоа е намерно нејасно. Мораме да видиме кои чекори Иран ќе ги преземе“, рече Помпео на заедничката прес-конференција со британскиот минситер за надворешни работи Џереми Гант. Тоа, додаде американскиот државен секретар, ќе се набљудува пред САД да се решат како ќе одговорат.
„Иранците дадоа одреден број изјави за тоа што ќе преземат за светот на нив да реагира. Ќе видиме што навистина ќе сторат, пред да ја донесеме вистинската одлука. Додека ги следиме активностите на Иран, сигурен сум дека Велика Британија и нашите партнери договрно ќе дејствуваат“, додаде Помпео.
Помпео на истата прес-конференција рече и дека разговарал со Велика Британија, Германија и Франција за Instex, специјалниот механизам за финансиски надомест кој го основаа трите земји потписнички на нуклеарниот договор од 2015-та за да можат европските компании да продолжат да тргуваат со Иран без опасност од американски санкции. Една од причините за дел од супсендирањето на своите обврски од договорот Техеран ја посочи и токму задржување на обврските кон Иран произлезени од договорот, особено во поглед на намалувањето на економските санкции.
„Санкциите кои ги воведовем (пред денешените – з.р.) содржат одредби кои овозможуваат хуманитарната помош и неко ипроиводи да може да влезат во земјата. Рековме, исто така, дека сѐ додека тој механизам ја користи таа одредена цел (…) нема никакви приговори. Доколку работењето излезе од тие рамки (…) ќе ја испитаме работата и во такво случај ќе донесеме санцкии против лицата кои учествувале во тоа“, се закани Помпео.