Волво, Сканиа, Ивеко, МАН, Отокар, Мерцедз бенз, Сетра,… се само некои од компаниите учеснички на третиот Саем за транспорт – товарни возила што ќе се одржува од денеска до 31-ви овој месец на Скопски саем.
На надворешниот изложбен простор, на вкупна површина од 2.500 метри квадратни, ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.
Како што велат организаторите, Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување.
„Очекуваме дека богатата понуда на товарни и комерцијални возила ќе биде од интерес за транспортно-логистичките компании. Ги покануваме да го посетат овој саем со специјализирана понуда“, соопшти ЕРА Групацијата.
Работното време на саемот е 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен.
Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.