![dik-1-640x239 сајковски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/dik-1-640x239-2.jpg?resize=640%2C355&ssl=1)
Влатко Сајковски, поранешен член на Државната изборна комисија во разговор за Телевизија Нова вели дека приговорите кои ги доставија СДСМ и БЕСА немаат докази и издржаност и многу долго време се разгледуваат со што ДИК се доведува во апсурдна ситуација.
-Од она што можеше секој во Македонија да го види пред малите екрани, е јасно дека приговорите доставени до ДИК се чисто математички приговори без некоја поткрепа во смисла на материјални докази и истите навистина е жално што толку долго се разгледуваат и се цени нивната материјална докажаност. Навистина сметам дека самиот орган се доведува до апсурдни ситуации, вели тој.
Тој порачува дека треба поскоро да се стави крај на оваа процедура и да се врати довербата на оваа институција која е највисок изборен орган.
Целото гостување погледнете го на следниот линк: