Сакал да прегази полицајци па направил судир

Радовишанец баран со потерница сакал да изгази полицајци, но ги промашил и удрил во полициско возило, информираше МВР.

Станува збор за С.Р.(26) против кого е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.

На 17.09.2018 година во 19.35 часот во Радовиш на улица Калаузлиска, на полигонот за полагање на возачки испит, при преземање на службени дејствија за приведување на С.Р., кој се бара по потерница, истиот со автомобил „опел астра“ се упатил кон полициски службеник, кој успеал да го избегне возилото, а потоа удрил во службеното возило „шкода јети“ и се дал во бегство, велат од МВР.