Полицијата само денеска во два одделни инциденти интервенирала во Градската општа болница „8 Септември“ која од почетокот на коронакризата со одлука на Министерството за здравство е прогласена за КОВИД центар за цела држава.
Во првиот, според очевидците на „Сакам да кажам“, роднини на починат влегле во жестока расправија со вработените во Ургентниот центароти не им давале да го изнесат телото на починатиот за да го погребат без посебните безбедносни протоколи кои се пропишани за да се спречи ширењето на коронавирусот. Бидејќи обезбедувањето на болницата не можело да ја смири ситуацијата, била повикана и полиција.
Во вториот инцидентот се случил во одделот за интензивна нега, на спратот каде што лежат најтешко болните кои се на респираторни машини. Ќерка на починат пациент успеала да се пробие до тоа одделение, била многу агресивна и се заканувала на медицинските работници, па тие повикале обезбедување, а обезбедувањето полиција.
И во двата случаи роднините се обидувале да ги снимаат медицинските лица, што е забрането. Со вакви агресивни напади и навреди вработените во болницата се соочуваат од почетокот на кризата, вели за порталот шефот на Ургентниот центар во болницата д-р Влатко Алексовски.
Повеќе на „Сакам да кажам“