Сакате НАТО – добивате голема Албанија!

Каква е разликата меѓу СДС и ДПМНЕ независно од тоа кој крадел повеќе? И двете партии се прозападни. И двете партии барат влез во НАТО и ЕУ. И двете партии ПРАКТИЧНО СЕ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО. Само што СДС се изјаснува директно, а ДПМНЕ прикриено. Минатата недела ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА обрна внимание врз Програмата на ДПМНЕ за 2017-2020 година: „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија“. Јадицата е во тоа дека ќе се менува името без менување на Уставот со предлог да се смени „само“ референцата FYROM. Ако ДПМНЕ не сакаше да се менува името, директно ќе изјавеше дека е ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ НА КОЈ И ДА БИЛО НАЧИН, ВКЛУЧИТЕЛНО И СО РЕФЕРЕНДУМ. И ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕШЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА.

Ете зошто, по 2008 година македонските гласачи не даваат целосна поткрепа на ДПМНЕ (тогаш тие добиа 63 пратеници). Затоа што и со целосна поткрепа тие го виткаат р’бетот за коалиција со албански партии (како и СДС), за членство во НАТО и ЕУ, за референдум за името. Граѓаните беа незадоволни што ДПМНЕ СИТЕ РАБОТИ ГИ ПРАВЕШЕ ПОЛОВИЧНО:

Прво, донесоа инвестиции и отворија работни места што е позитивно. Но, тие беа исклучиво западни (зошто?) инвестиции кои ги заробија луѓето со ниски плати од по 6-8 илјади денари.

Второ, направија добар начелен проект „Скопје 2014“, но потоа го извалкаа со контроверзни споменици и непотребни градби.

Трето, носеа контроверзни закони за здравството, образованието, хонорарците, кои потоа ги повлекуваа. Но, и го оставија екстерното тестирање, проектот „Кембриџ“ и други западни глупости.

НАЈГОЛЕМАТА ШТЕТА КОЈА ДПМНЕ ЈА НАПРАВИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА Е ДЕКА ДОПУШТИ ТРИГОДИШНА ПОЛИТИЧКА КРИЗА И КАКО РЕЗУЛТАТ НА ТОА ДРЖАВАТА Е ОКУПИРАНА ОД ЗАПАДОТ И АЛБАНСКИОТ ТЕРОРИЗАМ.

ШТЕТАТА Е УШТЕ ПОГОЛЕМА, ЗАТОА ШТО ДПМНЕ ДОБРОВОЛНО АБДИЦИРА ОД ВЛАСТА СО ШТО ГО ЗАСЛУЖИ НАСЛОВОТ: ДЕЗЕРТЕРСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКА НИХИЛИСТИЧКА ЕДУКАЦИЈА.

МОМЕНТНО И СДС И ДПМНЕ ЗАЕДНИЧКИ РАБОТАТ ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, ЗАШТО ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО KOE ГО ПРОПАГИРААТ НИВНИТЕ ЛИДЕРИ, Е ДИРЕКТЕН ПАТ ЗА МИРНО ОСТВАРУВАЊЕ НА ТАА ЦЕЛ. Со менувањето на македонското име (идентитет) Република Македонија се трансформира во географски поим, а со влегувањето во НАТО, делбата на таа „географска зона“ меѓу балканските членови на НАТО, Албанија, Бугарија и Грција станува внатрешна работа на Алијансата. Без можност за реакција од кој и да било светски фактор.

ЗАТОА СИТЕ ТИЕ КОИ ГО САКАТ НАТО, ЈА САКАТ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА И ДЕФИНИТИВНОТО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКОТО ИМЕ.

П.С. Не сум приврзаник на Езоповиот јазик на политичарите и новинарите. За мене „странскиот фактор“, „чадорот“, „Магепсникот од ОЗ“, „странски служби“ и.т.н. имат конкретни имиња: САД (а, не „deep state“), Велика Британија, Бејли, Гарет, ЦИА, МИ 6. Шпиуните се шпиуни, марионетите – марионети, терористите – терористи. Толку.