Швајцарскиот репрезентативец и сега поранешниот играч на „Стоук“, Џердан Шаќири и официјално е ново засилување на „Ливерпул“, трето во летниот предоен рок.
Шаќири потпиша петгодишен договор со тимот од Енфилд и ќе се приклучи на соиграчите на претстојната турнеја во САД, каде што тимот на Клоп ќе игра три натпревари на Интернационалниот куп на шампиони. Ривали ќе им бидат „Борусија од Дортмунд“, „Манчестер Сити“ и „Манчестер Јунајтед“.
Шаќири постигна осум гола во Премиер лигата минатата година во дресот на „Стоук“, па и не му помогна на тимот во борбата за опстанок.
Многу сум среќен. „Ливерпул“ е голем клуб со голема историја, одлични играчи и феноменален тренер. Многу сум задоволен што сум овде. Секој играч сака да игра за големи клубови на најголемата сцена. Сакав да дојдам во „Ливерпул“ пред неколку години, но тоа не се случи во тоа време. Среќен сум што сум тука конечно. Сакам да постигнам напредок и да играм со најдобритњ, но и да освојам трофеи. Затоа сум тука, рече Шаќири во своето прво интервју за клубот.