![mohamed-salah (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/mohamed-salah-1.jpg?resize=640%2C336&ssl=1)
Египетскиот напаѓач Мохамед Салах има договор со Ливерпул до 2023 година, а клубот од „Енфилд Роуд“ сака таа соработка да трае и пдолго и сака да потпише договор со 29-годишниот играч.
Меѓутоа, Салах за продолжувањето на договорот бара огромна плата. Според британските медиуми, Египќанецот бара според новиот договор да има годишна плата меѓу 17,6 и 22 милиони евра.
Доколку Ливерпул му понуди плата од 22 милиони евра, тогаш Салах би станал најплатениот играч во Премиер лигата. Само Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и Кевин Де Брујне во Манчестер Сити би имале повисоки плати.
Салах дојде во Ливепрул во јули 2017 година од Рома во трансферот кој англискиот великан го чинеше 42 милиони евра.