Како Салах успеа три пати да и избега на полицијата по нападите? Ова е прашањето што голем број од странските медиуми го поставуваат.
Осомничениот Салах Абдеслам по кого е распишана меѓународна потерница е најдобар пријател со човекот што се смета дека е „мозокот“ на терористичките напади во париз и брат на еден од бомбашите самоубијци.
Тој вечерта по нападите бил сопрен три пати од страна на полицијата, а во моментов се верува дека сеуште е во бегство.
Според најновите известувања објавени од властите во Франција, Абдеслам би можел да патува низ Европа во возило ситроен Ксара со регистерски таблички со број AE-113-SY. Како што јавува британски Индепендент, полициите низ континентот во моментов трагаат по споменатото возило.
Абдеслам побегна од местото на масакрот во Париз така што побарал двајца негови пријатели од Брисел да го земат, затоа што неговото возило се расипало, јавуваат медиумите, пренесувајќи ги сведоштвата на Хамза Ату (21) и Мохамед Амри (27).
Според дел од пишувањата во медиумите, тие тројцата заедно биле сопрени и тоа не само еднаш, на белгиската граница, туку дури три пати. Како и да е, трите лица воопшто не предизвикале сомнеж кај полицијата.
Во моментов се шпекулира дека црниот автомобил што беше најден на околу еден и пол километар од концертната сала Батаклан, би можела да биде дел од план за друг напад што бил откажан во последен миг.