Шалке го совлада Хофенхајм

Во последниот саботен дуел од 23-то коло на германската Буденслига, Шалке 04 во Гелзеркирхен го совлада Хофенхајм со 2:1.

Шалке поведе со 2:0 со головите Тила Керер во 11 и Бреел Емболо во 36 минута, а почесниот гол за гостите го постигна Андреј Крамариќ.

Шалке сега е петти со 37 бодови, но само еден помалку од второпласираниот Баер Леверкузен и ќе се обиде да избори место коешто директно ќе води следната сезона во Лигата на шампионите. Хофенхајм, пак, е деветти со 31 бод.