
Холивудската актерка Салма Хајек ги воодушеви фановите на Инстаграм со опуштено селфи од плажа.
Салма позираше со руса коса во црн бикини, а нејзиното бујно деколте привлече најголемо внимание.
„Боже мој, ако таа не е најсовршената жена во светот, не знам која е“, „Убава си“, „Каква совршена глетка“, „Каква божица си“, се восхитуваа нејзините фанови во коментарите.
Салма, ги изненади фановите и минатото лето со жешки снимки од плажа кои некои веднаш ги прогласија за „скандалозни“.