Општо познато е дека Салма Хајек има облини, а деновиве докажа дека воопшто не се срами од нив.
Се навикнавме на гламурозниот иглед на Салма Хајек на црвениот килим, а на годишнешното доделување на наградите LACMA Film + Art Gala 48-годишната актерка стави акцент на саксапилот.
Салма на свеченоста се појави во долга розева тоалета со корсет кој ја нагласуваше нејзината половина и бујното деколте.
Атрактивната актерка беше во центарот на вниманието за време на целата вечер.
Таа на свеченоста се појави со нејзиниот сопруг Анри Пино, познат бизнисмен кој се смета за еден од најбогатите Французи.