Властите во Рим денеска најавија дека ќе побараат од своите европски партнери во иднина да ги прифаќаат илегалните мигранти што ќе бидат спасени во водите на Средозменото Море јужно од бреговите на Италија.
Досега по правило спасените мигранти беа префрлани во мигрантските центри на италијанска територија.
Италијанскиот министер за вантрешни работи, Матео Салвини најави дека ваквото барање ќе го изнесе на претстојната средба со неговите колеги од земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи в четврток во австрискиот град Инсбрук.
Откако ги запревме бродовите на невладините организации, в четврток во Инсбрук на маса ќе го поставам италијанското барање да биде блокирано пристапувањето до италијанските пристаништа на бродовите на меѓународните мисии во Средозменото Море, најави Салвини.
Најавата на Салвини следи само еден дена откако ирскиот патролен брод вклучен во хуманитарната операција „Софија“ на ЕУ, во пристаништето Месина на Сицилија истовари 106 мигранти спасени крај бреговите на Либија.
К