Европската унија одржува тежок состанок на врвот со Труција во понеделникот во бугарскиот црноморски пристанишен град Варна, на кој се очекува да бидат обезбедени средствата за Анкара за да се продолжи договорот за сириските беглаци, но истовремено ќе биде заобиколено ветувањето од првиот договор за безвизно патување на Турците во земјите членки.
Критична кон она што го смета за јакнење на авторитарноста на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и во однос на турската интервенција против Курдите во соседна Сурија, Европската унија се колебаше за организацијата на самитот. Меѓутоа, Бугарија која е домаќин на самитот како претседавач со ЕУ, овој состанок на врвот го гледа како ретка можност за дијалог со земја којашто останува кандидат за членство во ЕУ и покрај долгогодишниот застој во преговорите. Челниците на ЕУ, исто така, ја наведуваат важноста на Турција како НАТО сојузник на југот од континентот и во запирањето на имиграцијата од Блискиот исток и од Африка во Европа.
„На самитот во Варна гладам со измешани чувства, имајќи ги предвид многубројните разлики во ставовите меѓу ЕУ и Турција. Ова ќе биде искрена и отворена дебата, во којашто нема да ги криеме нашите разлики, но ќе настојуваме да ја подобриме нашата соработка“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во петокот по самитот на ЕУ во Брисел, а Унијата ќе ја претставува заедно со петседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
На соменатиот состанок во Брисел европските челници го осудија она што го опишаа како турски илегални акции во спорот околу наоѓалиштата на природен гас во источниот дел до Средоземното Море со членките на ЕУ и Кипар.
Турскиот министер за европски работи Омер Челик изјави дека Анакара самитот го смета за „важна можност за унапредување на односите“, како и дека очекува ист позитивен и конструктивен пристап и од страна на ЕУ.
Ердоган ќе бара исплаќање на ветените и договорените три милијарди евра за милионите сириски бегалци згрижени на територијата на Турција, како и за напредок во разговорите за безвизниот режим за Турците во ЕУ и за посилна царинска унија, изјави портпаролот на турското министерство за надворешни работи.
ЕУ треба да ѝ одобри на Турција втора исплата од три милијарди евра за згрижување на бегалците врз основа на договорот од март 2016 година со кој Анкара го запре бегалскиот бран кон западна Европа. Ердоган, тврди дека на турската страна досега ѝ се исплатени само 800 милиони евра, што е недоволно за грижа за Сиријците кои во Турија пристигнуваат од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година.
Европски функционери викендов брифираа дека цената на повикот во Варна за Ердоган ќе бидат посилните критики за назадувањето на Турција во почитувањето на човековите слободи и демократијата по неуспешниот обид за воен преврат од јули 2016 година.