Европските челници го започнаа во четвртокот вечерта виртуелниот самит со расправата за полска-унгарската блокада на повеќегодишниот буџет на Европската унија и планот за закрепнување и набрзо го продолжија со дискусијата за координацијата на борбата против коронавирусот.
Засега нема најави дали челниците на 27-те земји членки на ЕУ ќе се навратат на темата со блокадата по завршувањето на расправата за корононавирусот. Според известувањата од Брисел, дискусијата за унгарско-полската блокада траела само 15 минути, а учествувале само пет говорници.
За блокадата која може да се претвори во голема криза воведно зборувал претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, а потоа и германската канцеларка Ангела Меркел, чијашто земја претседава во моментов со Советот на ЕУ која кусо ја опишала моменталната ситуација во врска со седумгодишниот буџет за периодот од 2021 до 2027 година и планот и пакетот за економско закрепнување, објави Баренд Леитс, портпарол на Мишел.
Зборувале и унгарскиот и полскиот премиер, Виктор Орбан односно Матеуш Моравјецки, кои го блокираат седумгодишниот буџет и планот за закрепнување, пакетот кој вкупно изнесува 1.824 милијарди евра, поради несогласувањето со условувањата во распределбата на средствата.
Петтиот говорник бил словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој во писмо до челниците на ЕУ покажал целосно разбирање за унгарските и полски аргументи, иако Словенија не го блокираше усвојување на пакетот.
Дипломатски извори брифираат за агенциите дека Мишел пред почетокот на самитото ги контактирал сите челици на земјите члнеки за да се осигури „расправата да биде под контрола“.
Од самата дискусија за блокадата и претходно не се очекуваше многу, имајќи предвид дека дека станува збор за видео-конференцијата, несоодветен формат за дискусија за толку сложени прашања за кои не може да се постигне напредок без директни разговори и билатерални средби.
Дипломатски извори истакнуваат дека „не ја потценуваат сериозната ситуација“, и велат дека политичкиот договор постигнат на самитот во јули треба што поскоро да се спроведат, со носењето на потребните закони.
Челниците на земјите членки на ЕУ во јули постигнаа политички договор за новиот седумгодишен буџет во износ од 1.074 милијарди евра и план за закрепнување од 750 милијарди евра, од кои 390 милијарди евра неповратна помош, а 360 милијарди евра преку заеми.
За овој политички договор да може да започне да се спроведува, потребно е да се заврши законодавната постапка, што е работоа на Европскиот совет и на Европскиот парламент. Сега тоа е зкочено поради противењето на Унгарија и Полска.
Унгарија и Полска ја ускратија својата согласност за целиот финансиски пакет поради условеноста за користење на средствата со процена за владеењето на правото во земјите членки. Конзервативните влади Будимпешта и Варашава се во подолг спор со бирократите во Брисел околу законите за кои двете влади тврдат дека станува збор за јакнењето на суверените права на земјите, додека европските челници ги обвинуваат за наводно кршење на основните вредности на ЕУ.
Иако виртуелниот самит првенствено е свикан поради усогласување на мерките за борбата против пандемијата на коронавирусот, незаибиколиво е прашањето за блокадата, а во Брисел сметат дека тоа би можело да ја покрие темата поради којашто е свикан состанокот на врвот.
Унгарија и Полска во понеделникот го блокираа носењето на делот од пакетото за седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување, бидејќи не се согласуваат со механизмот европските средства да бидат условувани со процените во Брисел за владеењето на правото во земјите членки.
Иако сигурно за ова прашање ќе биде дискутирано, повикувајќи се на дипломатски извори агенциите известуваат дека од денешната расправа не треба да се очекува дека ќе се јават знаци за надминување на оваа голема криза. Прво, затоа што станува збор за видео-конференциска врска, а за вака чувствителни прашања невозможно е да се постигне напредок без директни разговори и билатерални состаноци. Второ, во Брисел сакаат да почекаат дда видат што Будимпешта и Баршава ќе понудат за надминување на блокадата.
Челниците на ЕУ повторно ќе разговараат за координацијата на мерките против коронакризата со акцент на тестирањето како клучна алатка за забавување на ширењето на заразата, со меѓусебно признавање на тестовите и мерките за спречување на третиот бран од епидемијата.
Европската комисија во средата препорача дека брзите антигенски тестови за откривање на инфекциите со коронавирусот се користат главно ја лица кои покажуваат симптоми, бидејќи кај асимптоматскиет лица се помалку сигурни. Сигурните ПЦР тестови остануваат и натаму „златен стандард“, но на нивните резултати треба да се чека неколку дена, додека на резултатите од антигенските тестови се чека помалку од половина час.