Самитот на APEC заврши без заедничка изјава поради несогласувањата на Кина и САД

Челниците на земјите членки на организацијата APEC (Азиско-пацифичката економска соработка) кој се одржуваше во Папуа Нова Гвинеја во неделата не успеаја да постигнат договор за заедничката завршна декларација, поради судирите меѓу Вашингтон и Пекинг околу влијанието во регионот, пренесуваат светските агенции.

Редовниот годишен самит на челниците на APEC првпат во историјата заврши без вообичаената завршна заедничка изјава, а наместо тоа домаќинот на самитот „следните денови ќе ја објави претседателската изјава“, изјави папуанскиот премеир Питер О’Нил. Додаде дека во завршниот говор на самитот одржан во Порт Морезби рекол дека земјите членки ќе работат на тоа до 2020 година да се обезбеди „слободна и отворена трговија“.

„Челници те на успеаја да постигнат договор за заедничката изјава поради спротиставениет визии за иднината на регионот“, потврдил за новинарите папуанскиот министер за надворешни работи, Римбинк Пато

САД и Кина во моментов се во тензична ситуација и во трговски судир кој е потенцијална опасност за светската економија. Своите разлики ги изразија и во саботата преку говорите на кинескиот претседател Кси Џинпинг и американскиот потпретседате Мајк Пенс на отворањето на самитот на 21-члената организација.

Во неделата претставниците на 21-та земја членка, кои заедно сочинуваат 60 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП), се обидаа да се усогласат околу заедничкото соопштение. По повеќечасовни прреговори и разговори, не е постигнат консензус околу трговските политики. Засега официјално не е објавено кои се конкретните причини поради кои не е постигнат договорот и не е познато дали тоа е поврзано со несогласувањата коишто претходните денови ги искажаа Кси и Пенс.

Од говорницата на форумот на челниците на компаниите, американскиот потпретседател Мајк Пенс во саботата ги повика земјите во регионот да не дозволат да бидат „заведени“ од кинеската дипломатија која нуди „нетранспарентни“ кредити. „Ние не ги потопуваме нашите партнери во море од долгови… Ние не ги принудуваме, не ги корумпираме, не ја компромитираме вашата независност“, рече Пенс.

Само неколку минути претходно, кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој несомнено е првата личност на самитот во отстусво на американскиот колега Доналд Трамп и на рускиот Владимир Путин, ја бранеше големата програма на кинески вложувања во регионите на Европа и Азија наречен „Патиштата на свилата“, појаснувајќи дека „не станува збор за замка, како што тоа некои го прикажаа“.

Кинескиот министер за надворепшни работи Хуа Чинјинг рече дека ниедна земја во развој нема да падне во „должничко ропство“ поради соработката со Кина. „Ниедна земја нема да има должнички тешкотии бидејќи соработува со Кина. Напротив, соработката со Кина ќе им помогне на овие земј да го подигнат нивот на својот независен развој и да ги подобрат животите на своите граѓани“, порача Хуа.